За Нас
ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести „Св.Наум Охридски-Скопје“
ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести „Св.Наум Охридски-Скопје“ во системот на јавни здравствени установи во Република Македонија зазема значајно место поради патологијата која ја третира и обемот на работа кој го извршува. Целосната просторна, кадровска и технолошка опременост на оваа институција за дијагностика и третман на хируршки болни, го истакнува нејзиното значење во глобалниот здравствен систем на Република Македонија. Нејзината локација и доминантната ургентна хируршка патологија која ја третира, како и 50 годишното искуство во оваа област ја наметнуваат истата како здравствена институција од посебен општествен интерес. Во периодот на реорганизациски процеси на здравството во Република Македонија сигурно дека согледувањата на сите аспекти на јавните здравствени институции се од големо значење, а аналитичките параметри за квалитетот и обемот на услугите непобитни докази за позиционирањето на истите во глобалниот здравствен систем. Во услови кога современите хируршки трендови наметнуваат потреба од суспецијализирани хируршки установи, ваквите компактни, опремени, стручно екипирани и традиционално докажани ургентни хируршки установи секако дека се силна појдовна основа за растеретувањето на останатите медицински установи од баластот на ургентната хирургија. Во овој поглед и самата локација на оваа установа има посебно значење и предност пред другите.Мисија и цели
Основните цели и задачи на Болницата, насочени кон остварување на нејзината определба, опфаќаат исполнување на највисоките вредности за интегритет, почит кон луѓето, квалитет, раководење и тимска работа.
Права и должност на пациентите
Со правата на пациентот се обезбедува квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамки на системот за здравствена заштита и здравствено осигурување.
Ресурси на болницата
Клиниката е опремена со современи техничка опрема за потребите во здаствените услуги, обезбедува 136 болнички кревети и персонал со големо медицинско искуство.
Менаџмент
-
Љубен Арсенков
Медицински директор
-
Нермин Шакири
В.Д. Организационен директор
-
Даниела Иљоска
Главна медицинска сестра