Хематолошко – биохемиската лабораторија работи во состав на ЈЗУ Универзитетската Клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски – Скопје од нејзиното основање.
Со развојот и усовршувањето на хируршката дејност на болницата се развиваше и лабораторијата, се со цел комплетно опслужување на потребите на истата,
односно навремено, ефикасно, прецизно и точно изведување на лабораториските иследувања, и учество во поставувањето на дијагнозата и спроведување на терапија.
Вршиме лабораториски услуги за пациенти од нашите специјалистичко консултативни амбуланти и пациенти кои стационарно се лекуваат кај нас .
Хематолошко – биохемиската лабораторија нуди
- Изработка на итни и ургентни анализи во најкраток рок (30 мин – 1 час), - На располагање 24 часа во текот на денот, 365 дена во годината, - Брза, точна, прецизна и квалитетна изработка на анализите со најсовремена апаратура и опрема, - Постојана калибрација и внатршна контрола на квалитетот и надзор од високо стручен и професионален кадар и котинуирана надворешна контрола. - Потполно безбеден систем за земање на крв со вакум систем од страна на искусен и обучен медицинки персонал . - Целосна совтверска поврзаност на лабораторијата со амбулантите и болничките оддели во Клиниката,ВИДОВИ НА ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ
Хематолошкиот статус:Комплетна крвна слика, диференцијална крвна слика, седиментација на еритроцити. Уринарен статус:Макроскопски преглед – хемиски. Микроскопски преглед – седимент. Испитување на разни содржини од дрен, од сонда и друго. Глуциден статус: Испитување на глукоза во крв. Деградациони продукти: Уреа во серум и урина, Креатинин во серум и урина, мокрачна киселина во серум и урина. тотален билирубин,директен билирубин и индиректен билирубин Ензимски статус: Алфа амилаза во крв и во урина,АСТ(ГОТ), АЛТ(ГПТ),ЛДХ,ГГТ,ЦК,ЦК-МБ, алкална фосфатаза,липаза, холинестераза Протеински статус:Тотални протеини,албумини,глобулини, Липиден статус:Вкупен холестерол,триглицериди,ХДЛ,ЛДЛ Елекролитен статус: Натриум, калиум, јонизиран калциум,хлориди, серумско железо, Имунолошки статус: ЦРП, феритин, трансферин, лактат, АСО и РФ Туморски маркери: АФП, ЦЕА, Ца 19-9, Ца 15- 3, Ца 125,ПСА, фПСА, бета ХЦГ, ХПГ Нашиот тим се состои од двајца специјалисти по медицинска биохемија и инг. по биологија