Одделението за Пластична реконструктивна и естетска хирургија (ПРЕ) е формирано со отварање на болницата во 1962год. Последните 20год. Одделението има просечно 800 пациенти годишно од кои 98% се оперирани пациенти.
Одделението дава услуги од секундарен и терцијарен вид, амбулантско поликлинички услуги, со еднодневна хирургија и со болнички дел.
На одделението оперативно се лекуваат повреди на шака, екстремитети, мекоткивни повреди, отстранување на мекоткивни тумори, карциноми на кожа, реконстукција на секундрани дефекти и контрактури, враснати влакна, третман на хронични рани, естетски операции, face lifting, пластика на очни капаци, пластика на уши, пластика на нос, реконструкција на гради, подигање на гради, намалување на гради, гинекомастии, пластика на преден стомачен зид-дермолипектомија, поставување на импланти и ткивни експандери, реконстукција на вродени деформитети на шака, стопало, уши и др., користење на плазма богата со тромбоцити и пресадување на сопаствено масно ткиво (PRP, fet-grafting), примена на VAC техника (negative pressure wound therapy) и др.
Денеска Одделението работи со 4 субспецијалисти по пластична хирургија, еден доктор на субспецијализација по пластична хирургија, еден специјалист по општа хирургија и еден доктор секундарец.