-
Член 41
-
Пациентите-корисници на здравствените услуги во Универзитетската клиника имаат права уредени со прописите за здравствената заштита, здравственото осигурување, заштита на правата на пациентите и други прописи од областа на здравството. Универзитетската клиника при укажување на здравствена заштита на пациентите во целост ги применува одредбите на Законот за здравствената заштита, Законот за здравствено осигурување, Законот за заштита на правата на пациентите и другите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони.
-
Член 42
-
Пациентите - корисници на здравствените услуги во Универзитетската клиника имаат обврска да го почитуваат куќниот ред на Универзитетската клиника, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Универзитетската клиника како и други обврски уредени со Законот за заштита на правата на пациентите. Корисниците на здравствените услуги имаат право на приговор / поплака до директорот во врска со остварувањето на правата од здравствената заштита и здравственото осигурување. Универзитетската клиника во грижата за остварувањето на заштитата на правата на пациентите обезбедува правна помош и правни совети преку советник за заштита на правата на пациентите.
-
Член 43
-
Универзитетската клиника е должен да се грижи за заштитата на правата на пациентите и да дава правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето на заштита на нивните права согласно со Законот за заштита на правата на пациентите.