Анестезиолозите во УКХБ Св.Наум Охридски Скопје изведуваат исклучителна анестезиолошка грижа за пациенти од Град Скопје и како регионален центар на терциерно медицинско ниво
за целата Република. Анестезиолозите пружаат грижа за преку 4000 пациенти
секоја година. Над 5500 пациенти годишно се лекуваат во одделението за
интензивно лекување и одделот за постоперативна нега.
Единаесет специјалисти по анестезиологија и интензивно лекување, 2 специјализанти по
истата специјалност и 1 доктор по медицина се вработени во УКХБ Св.Наум
Охридски Скопје. Како редовна пракса од страна на специјализанти по
анестезиологија, ургентна медицина, семејна медицина и други сродни
специјалности и бројни придружни дејности (медицински сестри-анестетичарки,
сестри техничари во интензивно лекување и периоперативна нега, болничари)
учествуваат во секојдневните активности на одделот.Работата е организирана според потребите на одделот за следните дејности:
- Пружање на анестезија за повеќе хируршки гранки: травматологија, неврохирургија, абдоминална хирургија, урологија, детска хирургија, пластична и реконструктивна хирургија
- Предоперативна процена на пациентите
- Постоперативен менаџмент на пациентите и периоперативна медицина
- Периоперативен третман на болка
- Интензивно лекување на критични пациенти
- Интензивно лекување на пациенти со опсежни изгореници (Центар за изгореници) и периоперативен менаџмент на истите