Одделението за Урологија при УКХБ Св.Наум Охридски Скопје обезбедува амбулантски и хоспитален третман на секундарно и терциерно ниво примарно на пациенти од град Скопје но и пошироко од целата територија на Република Македонија.
Со капациетет од 20 кревети, медицински тим од 6 лекари специјалисти и 1 специјализант придружени од 10 медицински сестри обавува интервенции од повеќе области на урологијата:
• Калкулоза на мочни патишта
• Бенигна простатична хиперплазија (БПХ)
• Анатомски нарушувања на мочни канали – бубрежна карлица, уретер и уретра
• Карцином на мочен меур
• Карцином на простата
• Карцином на бубрег
• Пејрониева болест
• Пореметувања на надворешни гениталии (хидроцела, варикоцела и малигни состојби)
• Уринарна инконтиненција кај жени
• Урогенитална траума
Во третманот се применуваат различни оперативни техники ендоскопски, лапароскопски и класични вклучувајки и примена на Green Light ласер како една од можностите во третманот на бенигната простатична хиперплазија.