Одделението за Трауматологија при УКХБ „Св. Наум Охридски“ е едно од најфреквентните одделенија во болницата со околу 1000 извршени операции годишно и околу 10 000 амбулантски прегледи годишно.
Опсегот на здравствени услуги кои ги врши нашето одделение вклучува конзервативен и оперативен третман на скршеници, како и на други видови на повреди на мускулно-скелетниот систем. Најчесто изведуваните операции се оперативен третман на скршеници на колк, скршеници на потколеницата, како и на горните екстремитети, артроскопија сите поголеми зглобови.
Операциите се изведуваат во трауматолошката операциона сала, која располага со најсовремена опрема и инструментариум потребен за изведување на широк опсег на оперативни техники. Одделението располага со 16 болнички кревети каде се згрижуваат пациентите на кои им е потребно болничко лекување и оперативен третман.
Нашиот персонал се состои од 5 специјалисти (двајца доктори на наука од кои еден професор на медицински факултет, еден магистер, двајца асистенти, и еден специјалист), истотака има консултант професор и 4 специјализанти.