Оддел Оддел за висцерална и абдоминална хирургија А
Специјалист по општа хирургија
Телефон: 02/3235-013
Е-маил: Andrej.Nikolovski@gradskahirurgija.org.mk
Специјалист по општа хирургија
Телефон: 02/3235-013
Е-маил: Andrej.Nikolovski@gradskahirurgija.org.mk
Роден 1977 г. во Куманово, Р. Македонија.
Медицински Факултет завршил во Скопје (1996-2002),
Специјализација по општа хирургија завршил на Медицински Факултет во Скопје (2004-2008).
Дополнително се има едуцирано во Белград, Ријека, Софија и Анкара.
Од 2005 година е вработен на одделението за Абдоминална хирургија при ЈЗУ Универзитетска Клиника за хирурски болести "Св. Наум Охридски" Скопје.
Изведува отворени и лапароскопски хирурски интервенции од областа на абдоминалната хирургија (разни типови на хернии на преден стомачен ѕид, калкулоза на жолчно кесе и главен жолчен канал, бенигни заболувања на аноректум-хемороиди, фистули и фисури, пилонидална болест, бенигни и малигни тумори на абдоминалните органи (желудник, тенко и дебело црево, метастази на црн дроб од колоректален карцином), ехинококоза на црн дроб, компликации на улкусна болест на желудник и дванаесетпалечно црево, компликации на акутен панкреатит, итни оперативни процедури (апендектомии, состојби на цревни опструкции, повреди на стомачни органи).