Есенски сестрински средби во првата половина на месец Октомври

Организацискиот одбор на медицински сестри и техничари при ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје организира Есенски сестрински средби во првата половина на месец Октомври во Скопје под мотото: “Сестринската професија – наука и уметност насочена кон промовирање на квалитетен живот на индивидуите и семејствата”

На Средбите ќе се оддржат предавања, работилници, панел дискусии и постер презентации. Ќе бидат презентирани теми на поканети предавачи, референтни во својата област.

Целта на овие средби е да ја промовираме медицинската сестра како единствен профил на здравствени работници оспособени за здравствена нега, која е нераскинлив дел од тимот кој се грижи за здравјето на една популација, која со својата професија и практикување претставува главна алка во нераскинливиот синџир наречен ЗДРАВЈЕ.

На средбите можете да учествувате како гости, или можете да земете активно учество и да аплицирате на следниве теми:
1. Предизвиците на современото сестринство;
2. Нови методи во клиничката пракса;
3 Сестринска документација – главен адут во промоција на сестринската професија;
4. Развивање сестринска пракса преку критичко размислување и истражување;
5. Мултисекторална и мултидисциплинарна соработка (градење на професионален идентитет и самостојност).

Средбите ќе бидат сертифицирани.

Датумот за пријава на темите и оддржување на средбите ќе биде дополнително утврден и сите дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страната на ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски: www.gradskahirurgija.org.mk.

ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР:
Гордана Милошевска, Наташа Каневче, Билјана Бошњакова, Гордана Стојановиќ, Маја Левковска , Александра Закев, Ирена Јакова , Билјана Илиевска, Ауљона Абдиу, Далиборка Душановска , Невин Адем , Милка Стојаноска

ВАЖНО!!!
Со цел за целосна евиденција на сите присутни, ќе Ви бидеме исклучително благодарни ако вашиот интерес за учество го потврдите на следната електронска пошта: d_dusanovska@hotmail.com

Лице за контакт: Далиборка Душановска
Email: d_dusanovska@hotmail.com
Пријава на трудови: sestrinskisredbi@gradskahirurgija.org.mk

И З В Е С Т У В А Њ Е- download pdf