Есенски сестрински средби - Второ известување

Организацискиот одбор на медицински сестри и техничари при ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје организира Есенски сестрински средби во втората половина на Октомври под мотото: “Сестринската професија – наука и уметност насочена кон промовирање на квалитетен живот на индивидуите и семејствата”

Почитувани колешки и колеги,

Со големо задоволство Ве покануваме да земете учество на Есенските сестрински средби кои ќе се оддржат во втората половина на Октомври, 2016 година во Скопје.

На средбите ќе се оддржат предавања, работилници, панел дискусии и постер презентации.Ќе бидат презентирани теми на поканети предавачи референтни во својата област.

Главната цел на овие средби е медицинските сестри длабоко да размислуваат за себе, како професионалци во сестринството, за негување и заштита на здравјето на луѓето.

Се надеваме дека сите учесници на овие средби ќе имаат можност да го збогатат своето знаење, да разменат искуства и да стекнат нови пријателства.

Теми на Есенските сестрински средби :
- Предизвиците на современото сестринствo;
- Нови методи во клиничката пракса;
- Сестринска документација - главен адут во промоција на сестринската професија;
- Развивање сестринска пракса преку критичко размислување и истражување;
- Мултисекторална и мултидисциплинарна соработка (градење на професионален идентитет и самостојност).

Важни информации !!!

- Вашиот труд треба да биде напишан во Word документ со Font Times New Roman, македонска поддршка;
- Трудот треба да содржи апстракт со најмногу 300 зборови (не вклучувајќи го насловот, името/имињата на авторите, институциите во кои работат и клучните зборови ) и клучни зборови ( 6-8 );
- Апстрактот треба да ја има следната содржина:
   • вовед
   • предмет на истражување
   • методологија
   • резултати
   • заклучок
   • Користена литература
   • Во фуснота да се наведе e-mail адреса за коресподенција.

Апстрактот за средбите испратете го најдоцна до 05.10.2016 на следната електронска пошта:d_dusanovska@hotmail.com

Датумот за оддржување на средбите ќе биде дополнително утврден и сите дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страната на ЈЗУ УК по хируршки болести Св.Наум Охридски:www.gradskahirurgija.org.mk

Лице за контакт: Далиборка Душановска
Email: d_dusanovska@hotmail.com

И З В Е С Т У В А Њ Е- download pdf