Есенски сестрински средби - Трето известување

Организацискиот одбор на медицински сестри и техничари при ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје организира Есенски сестрински средби во втората половина на Ноември под мотото: “Сестринската професија – наука и уметност насочена кон промовирање на квалитетен живот на индивидуите и семејствата...

Почитувани колешки и колеги,

Ни преставува особена чест и задоволство да Ве информираме и да Ве поканиме на I-те Есенски сестрински средби во организација на медицинските сестри и техничари при ЈЗУ УК по хируршки болести“Св. Наум Охридски” кои ќе се одржат во Деканатот на Медицински Факултет (голем амфитеатар) на 26 Ноември 2016 година, под мотото: Сестринската професија – наука и уметност насочена кон промовирање на квалитетен живот на индивидуите и семејствата

АГЕНДА:
08:00 – 09:00 Регистрација на учесници

09:00 – 10:00 Свечено отворање на средбите
  Мед. Директор Др. Јасминка Чабуковска-Радуловска (поздравен говор)
  Проф.Др. Мирјана Шошолчева (поздравен говор и куса презентација)
  Др. Љубен Арсенков (поздравен говор)
  Велка Гавровска-Лукиќ (поздравен говор)
  (Претседател на ЗМСТАМ)

10:00 – 11:30 - Прва работна сесија
  1.Далиборка Душановска
   „Тимска работа и градење тимови во сестринската професија“
  2.Андроники Бибовска
   „Континуирана сестринска едукација во клиничката пракса“
  3.Гордана Стојановиќ
   „Сестринската документација промотор на добра медицинска нега и поддржувач на професионални стандарди – анализа и компарација“
  4.Елвира Мекиќ
   „Колоректален карцином – рехабилитација и нега на пациенти со стома“
  5.Маја Левковска
   „Анестезија надвор од оперативна сала, стандарди и практични параметри“

11:30 – 12:00 – Кафе пауза со постер презентации

12:00 – 14:00 – Втора работна сесија
  1.Александра Закев
   „Медицинската сестра како реализатор на здравствената заштита и промотор на здравјето“
  2.Александра Крвавац
   „Употреба на Mikrodacyn 60 кај пацинети со окулопластична хирургија“
  3.Катерина Ѓорѓевиќ
   „Резидуален нервно мускулен блок во собата за будење и неговата превенција“
  4.Билјана Марковска
   „Нутритивна поддршка кај критично болни бремени пациенти“
  5.Гордана Панова
   „Медицинската сестра главна алка во лекувањето и квалитетот на подобар живот на пациентите“
  6.Ирена Јанкова
   „Третман на изгореници – современ наспроти конвенционален“

14:00 – 15:00 КОКТЕЛ

Времетраењето на усната презентација на трудовите е 10 минути. Презентациите да бидат изработени во Power Point.

Средбите ќе бидат сертифицирани.

Со цел за целосна евиденција на сите учесници ќе Ви бидеме исклучително благодардни ако ни го доставите вашиот повратен одговор за потврда на вашето присуство и учество на работните сесии.

Лице за контакт: Далиборка Душановска
Email: d_dusanovska@hotmail.com

И З В Е С Т У В А Њ Е- download pdf